iPhone e највлијателниот гаџет на сите времиња

Познатиот американскиот неделник Time состави листа од 50 гаџет уреди, кои го одбележале времето што е зад нас, но исто така и оние кои се сеуште со нас и најверојатно ќе бидат уште долго време.

Гаџетите од листата не се нужно најдобри, но се гледало на тоа колку се влијателни. Со оглед на тоа дека живееме во ера на паметни телефони, тогаш воопшто не е чудно што еден паметен телефон е прогласен за еден од највлијателните уреди на сите времиња. Се разбира, станува збор за iPhone, уред кој не беше првиот паметен телефон во светот, но од неговото лансирање во 2007 година поставува трендови и дефинира нови стандарди. И самиот Тим Кук пред неколку дена изјави дека новиот iPhone 7 ќе содржи многу нови опции без кои не ќе бидеме во можност да живееме, но во овој момент не знаеме дека ни требаат“, што многу говори за самодовербата во Apple.

Напишете коментар