Идната Недела ќе се Врши Дезинсекција против Комарци

Ако дозволат временските услови на почетокот од идната недела ќе се изврши дезинсекција против комарци на територијата на општина Струмица. Дезинсекцијата ќе ја врши ДПГИТУ „Лиса Ком МС“ од селото Рожден, Кавадарци, која беше избрана за најповолен понудувач на распишаниот јавен повик. Годинашната ќе биде теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција која ќе биде извршена согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, Правилникот за поблиските услови по однос на просторот, опремата и кадарот, начинот и средствата за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како и другите подзаконски акти и позитивни прописи кои ја уредуваат оваа област.
Дезинсекцијата против комарци ќе се врши со средство кое нема штетни последици по здравјето врз луѓето, нема да ги оштетува површините и материјалот и чија ефикасност е проверена, а граѓаните и останатите институции и служби навремено ќе бидат известени за точниот ден кога ќе почне да се врши дезинсекцијата.
Истата фирма, наесен ќе изврши и дератизација на шахтите на територијата на општина Струмица.

Напишете коментар