Холивуд ги објави номинациите за Златен Глобус

Номинациите за Златен глобус наградите беа објавени вчера во Беверли Хилтон хотелот во Лос Анџелес. Мјузиклот на Дамиен Шезел, La La Land освои најмногу номинации во филмските категории (7), додека пак со 5 номинации The People v. O. J. Simpson: American Crime Story води кај ТВ категориите.
Церемонијата за доделување на наградите Златен глобус ќе се одржи на 8-ми јануари следната година, а водител на самата церемонија ќе биде водителот и комичар Џими Фалон.

Напишете коментар