Граѓанска крводарителска акција на 11.09.2019-Среда

На ден 11.09.2019 (среда) од 09:00 до 14:00 часот, Општинската организација на Црвен крст Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица организира граѓанска крводарителска акција во просториите на Службата за трансфузиона медицина Струмица . Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да даруваат крв да повелат и да ја покажат својата хуманост.

Факти за крводарувањето:
-Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
-Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
-Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
-Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
-Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
-Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
-На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
-Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација

Напишете коментар