Генерално чистење во населените место Вељуса и Просениково

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ есенската акција за чистење денеска ја продолжи во населените места Вељуса и Просениково. И во двете места извршено е генерално чистење, се метеа улиците, комплетно се средија парковите откако пред неколку денови беше искосена тревата и се собра и подигна отпадот од јавните површини. Во двете населени места собрани се над 30 метри кубни разновиден отпад.

Напишете коментар