Филипче: Ќе предложам до Владата од утре да се казнува за неносење маски!

Министерот за здравство Венко Филипче ќе побара од Владата уште од утре да почне да се казнуваат граѓаните кои нема да носат заштитна маска. На денешната редовна прес конференција, Филипче кажа дека откако се донесени мерките за задолжително носење маска, марама или прекривка на лицето во затворен простор, на пазар и на отворен просот каде не може да се одржува растојание од 2 метри, било забележано дека голем број граѓани не се придржуваат кон одлуката.

„Изминативе денови беше забележано дека граѓаните или воопшто не носат маска таму каде што треба или несоодветно ја носат. Затоа Комисјата за заразни болести предложи санционирањето да почне веднаш. Јас утре овој предлог ќе го доставам на владината седница и се надевам дека најдоцна од вторник ќе почне казнувањето. Мора да се почитуваат овие мерки оти само така ќе имаме резулати во борбата со КОВИД-19“, кажа Филипче.

Дваесет евра е казната за неносење заштитна маска за физички лица, а 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот, стои во уредбата којаја доне се Владата.

„Глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое одговорно лице во правното лице ако постапува спротивно на одредбите за обезбедување на заштитина опрема на вработените“, стои во Уредбата.

Од Владата откако ја донесоа уредбата за казнување рекоа дека до 30 април 2020, Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат нема да казнуваат, туку само ќе изрекуваат опомени.

Напишете коментар