Екслузивни Селфиња од Нашите Претставници на Олимпијадата во Рио со Познати Спортисти

Ја имаме честа да ви покажеме екслузивни фотографии од нашите претставници на Олимпијадата во Рио за време на свеченото отварање. Имено нашите две струмички легенди, атлетичарите Ристе Пандев и Ванчо Стојанов ни испратија необјавени селфи фотографии направени за време на церемонијата и тоа едната од знаменосецот на Англија, светскиот рекет број два, Енди Мареј.

Ване Ристе Селфи Олимпијада Рио
Нашиот претставник во трка на 100 м. Ристе Пандев(лево) и славниот атлетичар Ванчо Стојанов(десно) сега во улога на тренер

Доколку сакате повеќе да дознаете кој е Ване Стојанов можете да прочитате овде за неговите успеси од огромен дијапазон на таленти во дисциплини од 800м. до полумаратон.

Напишете коментар