Душан Чубраковиќ е новиот чувар на мрежата на Академија Пандев

Душан Чубраковиќ е новиот чувар на мрежата на Академија Пандев. На неколку дена пред почетокот на новата сезона полека се комплетира и сениорскиот состав. Најновото засилување, Душан Чубраковиќ, доаѓа од екипата на Слобода Ужице (Србија) и има 23 години. Во кариерата има настапувано за екипите на Чукарички и Слобода Ужице. Договорот е потпишан на една година со опција на пролжување на договорот доколку двете страни бидат задоволни од соработката.

Напишете коментар