Драган Јованов-Собраниe на Р. М – Јавна расправа ,,Енормно загадување на амбиенталниот воздух во Р. М

Собраниe на Р. М – Јавна расправа ,,Енормно загадување на амбиенталниот воздух во Р. М (Вторник 27.11.2018 год)

Драган Јованов се обрати на собраниската седница на комисијата за екологија, транспорт и врски. Почитуванa Претседателке на комисијата, почитувни колеги, почитувана јавност ги слушнав сите ваши излагања за заштита на ж.с, екологијата и цело време слушам само говорење, но ништо по конкретно, наназад години се едно исто. Доста е! 27 години од осамостојувањето на Р.М ништо не е превземено конкретно за заштита на животната средина и екологијата, само површински мерки и краткорочни решенија. Еколошки е да знаете да одберете тим на луѓе кои ке носат вистински одлуки. Затоа што екологијата е внатре во секоја гранка на нашето живеење. Екологијата е да направите, да создадете, заштитите, а никако да уништите нешто. Фактот што покрај сето ова сме нееколошки, е дел од една друга приказна и друга битка. Битка за спасување парче по парче од нашата земја. Но, екологијата е се уште фрлена некаде назад на нашата овдешна агенда се додека се гледаат личните интереси. За таа цел сакам пред цела македонска јавност да кажам дека од првиот ден како одговорно, отчетно, чесно, достоинствено работам на позицијата советник за животната средина и просторно планирање на Премиерот Зоран Заев и до ден денешен направив доста истражувања, мерки, предлог решенија и финални решенија, само што краток беше периодот за сето ова да биде во побрз временски рок.

Нема да откријам на јавноста се додека до последно конкретно решение не биде имплементирано, секако заедно со Премиерот Зоран Заев, кој исто така е доста посветен за заштита на животната средина.
Загадувањето е поделено во неколку сектори:
– Отпад
– Домашно затоплување
– Иднустрија
– Транспорт
– Градежништно
За да биде сево ова решено и конечно оваа наша земја да тргне по патот на еколошките европски земји направив мапирање низ цела Македонија кој се проблемите со животната средина во секој град или населено место, кои се загадувачи, што треба да се направи за заштита на животната средина и што треба да се санкционира, (еве ја предлог национална стратегија за заштита на животната средина за сите градови).

Ние како влада обезбедивме за 2019 година, 98 милиони денари од буџетот на Р.М за заштита на животната средина, но поради слабата ангажираност за заштита на животната средина и екологијата во минатите години, сето ова за да биде остварливо имаме дополнителна финансиска поддршка и помош од Европската унија, која дополнително ке помогне со финансиски средства за заштита на животната средина и имплементирање на сите проекти.
Тука е и поглавието 27 за заштита на животната средина при пристапните преговори за влез во Европската Унија.

Kако за крај на моето излагање барам максимална поддршката од цела македонска јавност и од сите оние лојалните борци, приклучете се сите заедно да ги доимплементираме сите решенија за заштита на животната средина во нашата земја.
Ајде да оставиме траг засекогаш, за нас, за нашите деца, и за нашите идни поголенија.
Нема и несмее да има одстапки кога е во прашање животната средина и здравјето на луѓето.
Почитувани она што го правиме денес останува во

Напишете коментар