Драган Јованов, Моника Јованова Фитомедицински анти стрес лековити растенија

Конвенционалната медицина создала многубројни лекарски препарати како антидепресиви,антиседативи,препарати со релаксирачко дејство, но сите тие имат странични ефекти и многу контраиндикациии за нивно користење. Најлошо е тоа што голем дел од нив ве прават доживотни зависници. Ако сакаме да ги избегнеме сите овие несакани ефекти ,треба да се свртиме кон дел од фитомедицинските антистрес лековити растенија .Посебен ефект дават следните лековити растенија кои одлично дејствуваат врз нервниот систем.
Маточина (Melisa officinalis L.)
Mаточината е повеќегодишно зелјесто лековито растение високо од 30 до 120 cm. Стеблото е исправено и се издигнува. Листовите се распоредени паралелно, со дршки, и се јајцевидни, назабени со рабови, малку влакнести. Целото растение, а особено кога ќе се изгмечи листот, дава интензивен, мошне пријатен мирис кој потсетува на лимон. Цветовите се бели, бледо розови или жолтеникаво-бели, сместени во пазувите на листовите. Маточината е една од ретките лековити растенија, која истовремено е лековито, миризливо, украсно, зачинско, медоносно и индустриско. Расте во дворовите, покрај населбите, покрај оградите во шумите итн. Се одгледува и како култивирано, лековито и ароматично растение, а во парковите и како украсно растение. Цвета од јуни до септември, а се размножува со семе, но подобар успех се постигнува со разделување на грмушките и расадување. Мошне лесно се одгледува. Од маточината најмногу се цени листот затоа што во другите органи има помалку лековити состојки, освен во цветот, но цветовите се малобројни, така што, тие и немаат некоја практична примена. Најважна лековита состојка на маточината е лесно испарливото и миризливо етерично масло. Маточината е благ, добар и мошне пријатен лек против надување во органите за варење, против невралгија, хистерија, стрес, анксиозност, неврастенија, гадење, повраќање и пролив, за закрепнување на организмот. Самиот лист на маточината, а уште повеќе ако е измешан со горчливи треви, им го подобрува апетитот на изнемоштените, а се користи и како додаток во купките против невралгија и ревматизам. Маточината помага кај срцевите заболувања, кај нервите и емотивните нарушувања и против меланхолија. Исто така, ова растение се применува против болести на дишните органи. Маточината е ефикасно средство против убод од пчели и оси. Чајот од маточина се употребува надворешно за плакнење на устата при воспаление на непцата. Смирува и ги отстранува кошмарите во сонот. Етеричното масло од маточина има мошне пријатен мирис, се употребува не само во фармацијата, туку, уште повеќе, во индустријата за парфеми и козметика.

Валеријана (Valeriana officinalis L.)
Валеријаната е долговечно, зелјесто, право разгрането растение со непарно перасти листови. Висока е од 0,5-2 m. Цвета на крајот на пролета и во почетокот на летото. Приземните листови имаат дршка, а горните се седнати. Плодот е голем до 5 mm. Ова растение е распространето секаде, а најмногу на влажни места, покрај реки, потоци, ливади, ридови и планински предели во Европа. За подготовка на лек од валеријана се собира коренот, и тоа во есен. Чајот од коренот на валеријаната се употребува кај сите нервни заболувања. Одлични резултати се постигнуваат при епилепсија, стрес, анксиозност, депресија, хистерија, хипохондрија, грчеви околу срцето (при астма), болки во желудникот, цревата и др. Се препорачува за лекување на нервни главоболки, мигрена, вртоглавица и повраќање.
Се употребува на три начини: при општа вознемиреност, нервоза и несоница, кои се јавуваат како последица од нервози, особено за време на нервни срцеви тешкотии проследени со силно чукање на срцето. Воопшто, при појава на пречки во варењето на храната поради нервози, односно при недоволно лачење на секрети при нервоза предизвикана од грчевити состојби на мачнина, при нервозни повраќања и грчевити напади поради собирање гасови – чајот од валеријана е многу добар природен лек. Освен тоа, овој чај воопшто не е штетен, а тој е испробано средство и за одвикнување од употребата на алкохол и никотини. Чајот од валеријана не смее да се употребува повеќе од 3 недели, а потоа е потребно да се направи пауза од 5 недели. Валеријаната го намалува притисокот и успива, па затоа во случај на низок крвен притисок, подобро е да се употребува чај од глог наместо чај од валеријана.
Чај од смеса за нерви: потребно е 30 g валеријана, 30 g листови од нане, 40 g листови од горчлива детелина. Една голема лажица од оваа мешавина да се прелие со 2,5 dl зовриена вода, потоа да се остави да стои во затворен сад околу половина час и да се исцеди. Чајот се пие топол, три пати на ден по една мала чаша 100 ml по јадење.
Чај за нервоза, срцеви тешкотии и зголемен крвен притисок: потребна е смеса од 15 g валеријана, цвет од глог, цвет од лаванда, ким и 10 g маточина. Три големи лажици од смесата да се попарат со половина литар зовриена вода, потоа садот да се затвори и по два часа да се исцеди. Овој чај се пие заблажен со мед во 4 еднакви порции распоредени во текот на целиот ден.

Камилица (Matricaria chamomilla L)
Камилицата е едногодишно мало зелјесто лековито растение. Лековито растение со широк спектар на употреба. Расте високо од 10 до 30 cm, ретко до половина метар. Расте исклучиво на јака земја. Камилицата се бере од април до крајот на мај, понекогаш порано. Камилицата цвета преку цело лето. Нејзин најголем сејач е ветерот бидејќи кога ќе созрее, е многу дробна, семето е многу ситно и тенко. Камилицата создава многу семе, кое е многу лесно и со ветерот лесно се разнесува, и на тој начин се шири и расте камилицата. Чајот од камилица е најпознатиот и најраспространетиот чај со низа лековити својства. Се одликува со мошне сладок вкус, благотворно дејствува врз органите за варење и врз воспаленијата на кожата и слузокожата. Цветот на камилицата е многу успешен лек во лекувањето на желудочно-цревните заболувања, анксиозност, депресија, гастритис, ентеритис, колитис, надувувања, грчеви, гасови, премногу силни желудочни киселини, а се разбира и кај заболувањата на бубрезите, црниот дроб и жолчката. Камилицата се користи како лек против чирот на желудникот и на дванаесетпалечното црево. Во овие случаи, постојаната употреба на чајот од камилица во мали голтки не само што дејствува врз смирувањето на болките, туку и лекува. По консумирањето на камилицата, тројно се зголемува бројот на леукоцитите, се олеснува варењето, се отстрануваат гасовите. Камилицата мошне успешно се употребува и против тврда столица. Камилицата се употребува и надворешно при воспаленија на слузокожата и на кожата, за плакнење и подготвување облоги против очните и разните кожни болести, за инхалација, за купки, за гаргара за плакнење на женските гениталии и сл. Миењето на косата со концентриран чај од камилица го зацврстува коренот на косата. Кај потењето на рацете и нозете, при често повторување на купката нема да изостане посакуваниот ефект. Како мошне успешни се покажале влажните и топли облоги против хемороиди, односно облогите ги отстрануваат раните и воспаленијата на анусот. Клиничките истражувања потврдиле дека камилицата дејствува мошне успешно врз отстранувањето и уништувањето на бактериите од рани, се повлекуваат гнојните лачења дури и кај ракот и кај слични деформации, а исчезнува и непријатната миризба што доаѓа од деловите на ткивото што се распаѓа. Покрај сето тоа, камилицата ја прочистува крвта. Камилицата задолжително се употребува и за лекување раздразнетост, пречувствителност при невралгии, ревматизам, болки во половината, внатрешен немир, несоници, душевна изнемоштеност, преголем замор и слично.

Кантарион (Hypericum perforatum L.)
Кантарионот е повеќегодишно зелјесто растение високо околу 1 метар. Има многу цврсто, аглесто, разгрането стебло, исправено со странични гранки. Листовите се без дршки, долгнавесто јајчести, голи со светлозелена боја, со карактеристични проѕирни точки, со етерично масло. Златножолтите, средно големи убави цветчиња на врвот од стеблото образуваат цвет. Секој цвет има околу 50 прашници сраснати во 3 снопчиња, над кои се издига троделен толчник со темноцрвена боја. Кантарионот цвета од мај до септември. Расте на осветлени места во шумите, околу патиштата, на каменестите места и на ливадите. Кантарионот се размножува со семе, а се собира горната половина од растението за време на цветањето. Кантарионот е одамна познато лековито растение. Од ова растение се подготвува и познатото кантарионово масло што има повеќекратна примена во народната медицина. Кантарионот уште одамна бил познат меѓу луѓето. Во последните децении во голема мера е испитуван фармаколошки и се докажувани неговите лековити својства. Добро дејствува врз нервниот систем. Своевремено најмногу се употребувало маслото од кантарион, кое и денес се произведува. Маслото најмногу се користи за надворешно лекување рани, но и за внатрешна употреба. Маслото се става на рани што тешко зараснуваат, на застарени изгореници, а испробано и докажано е дека при вадење заби, раните подобро заздравуваат ако во нив се стави тампон натопен со масло од кантарион.

Треба да се знае и старото правило: раните полесно заздравуваат ако завојот на кој е ставен лекот се менува повеќе пати. Значи, потребно е во текот на неколку дена постојано да се менува завојот со масло од кантарион. Исто така, тоа масло е добар лек и за триење при ревматски заболувања и невралгии, а и во случај на крварење по ранување. Маслото од кантарион дејствува како балсам за отоци, рани, болки на коските и исчашување. Тоа е најдобро средство за спречување на создавањето рани од лежење кај болните и кај старите луѓе.
За лекување на депресијата добар е и сокот од кантарион, а треба да се пие најмалку по 2 лажици трипати на ден од 3 до 6 месеци. Чајот од листовите и од цветовите се користи за лекување на црниот дроб, ако е отечен, го спречува собирањето на слузта во белите дробови, а го лекува и мочниот меур, при хроничен бронхитис и астма.
Основен рецепт за подготовка на чај од кантарион е: во зовриена вода 2 dl се става 1 лажица ситно исечкана билка (лист и цвет), се трга од огнот, се остава да стои 10-15 минути во затворен сад и потоа се пие трипати на ден против гастритис, чир на желудник, пролив, при заболувања на црниот дроб, жолтица, воспаление на мочниот меур, нервни заболувања, главоболки, бубрежни тегоби, менструални тегоби, слабокрвност во комбинација со други треви и лекови, кашлица и друго. Кантарионот се користи и во ветеринарството за лекување на домашни животни, како средство против воспаленија кај отоците и како антибактериско средство за раните. Во народното ветеринарство, чајот од кантарион им се дава на животни при катар на желудникот и на цревата, заболувања на црниот дроб и на уринарните органи.
Забелешка: во големи дози кантарионот е отровен. Со кантарионовото масло не треба да се лекуваат свежи рани. Токсичност: кантарионот има фотосензибилно дејство, па уште пред употреба, пациентот треба да се предупреди да не се изложува на сонце за да не му се воспали кожата, а една од непожелните појави при изложување на сонце е појавата на оток на усните – како кај коњите. Хиперицинот, кој е ефикасен против депресијата, ја предизвикува таа фотосензибилност.
Лаванда (Lavandula officinalis L.)
Лавандата е повеќегодишна густа полугмушка, со многу вертикални фиданки, со висина до 1 m. Целото растение е сиво поради изобилството од влакненца. Листовите се прави, на двата краја малку стеснети, слични на листовите од рузмаринот. Цветчињата се ситни, виолетово-сини, пршленесто групирани по неколку цветови и собрани на врвовите од фиданките во цветови како класје. Цвета во јуни и јули. Таа е медитеранско растение и сака топла клима, но и поголема надморска височина, иако некои видови се распространети и во континенталниот дел. Се размножува вегетативно и со семе. Лавандата е индустриска. Растението се користи за добивање ароматично масло за козметика и фармацевтски препарати. Лавандата, исто така, ги брка комарците, тавтабитите, молците и други инсекти. Има пријатен мирис, но малку горчлив вкус. Како лек се употребува цветот. Лавандата се користела уште од античко-македонскиот и римскиот период. Древните лекари тврделе дека лавандата помага против воспаление на мозокот, вртоглавици, ладен желудник и др. Во фитомедицината цветовите од лаванда се користат за лекување кардиоваскуларни болести, како желудочно средство, против песок во урината и против воспаление на мочниот меур. Исто така, се употребува за подготовка на лековити купки при воспаление на зглобовите и изработка на ароматични, миризливи перници. Надворешно, валеријаната се употребува како додаток кон купките. Маслото предизвикува слаба локална анестезија. Служи и како коригенс за мирисите од многу лекови. Маслото се употребува и како лек, а освен тоа, многу се користи во парфимеријата и козметиката. Исушениот цвет се става меѓу облеката за да добие пријатен мирис, а во медитеранските земји букетите од лаванда служат за бркање комарци, тавтабити, молци и други инсекти.

Напишете коментар