Драган Јованов – Mакедонска современа фитомедицинска терапија при третман на Дерматитис

Симптоми при дерматитис
– Сува, црвеникава кожа со чешање, укажува на некој облик на дерматитис, или воспаление на кожата, која има многу облици
– Црвената егзема која е ограничена на делот на кожата изложен на надразнувачко средство, веројатно е контактен дерматитис, алергиска реакција
– Црвени тркалезни делчиња од кожата која е влажна се лупи или е исушена и ве чеша укажуваат на нумуларен дерматитис, чест кај постарите луѓе кои имаат сува кожа или живеат во сува средина
– Масни жолтеникави лушпи на темето и образите, зад ушите и околу носот укажуваат на себореичен дерматитис, кајмалите деца се нарекува теменица
– Кожа која се лупи, изгледа масна и понекогаш е улцерозна и се појавува од внатрешната страна на долниот дел на нозете и околу зглобовите може укажува на хипостазички дерматитис
– Исклучително трајно чешање може да укажува на атопички дерматитис или егзема.
Обратете се на доктор
– Ако на кожата имате ранички што се влажни или други знаци на инфекција. Можеби ке ви биде потребно лекување со антибиотици или други лекови
– Ако зафатената кожа не реагира на лекувањето со кремови или медицински шампони што се набавуваат без лекарски рецепт. Потребна ви е лекарска дијагноза и лекување.
– Ако во текот на појавувањето на егземата сте во допир со човек кој има вирусно кожно заболување херпес или брадавици, во зголемена опасност сте од зараза со вирусот.
Дерматитис едноставно значи воспаление на кожата но опфаќа цел спектар на тегоби.
Во повеќе случаи почетните стадиуми се одликуваат со сувост, црвенило и чешање на кожата, иако акутните напади можат да доведат до крастави лушпи или меури од кои излегува течност. Бидејќи многу средства ја надрзануваат кожата, докторот ке се обиде да ја стесни дијагнозата на специфична категорија дерматитис, иако лекувањето е слично кај повеќе видови надразнувања и кожни воспаленија. Најчести општи типови на дерматитис се: контактниот дерматитис, нумуларниот дерматитис, себореичниот дерматитис, хипостатички дерматитис, атопичкиот дерматитис или егзема.
Дијагностички постапки
Повеќето видови дерматитис може да се дијагностицираат со докторско набљудување на надразнувањето и местото каде што се наоѓа на телото. Може да се земе примерок од кожата поради микроскопска анализа. За да се одредат причинителите за контактниот дерматитис, докторот, можеби ќе испроба тестот со фластери, примена на материјата за која се сомнева дека ја надразнува кожата, на деловите на кожата на грбот. Ако не дојде до воспаление по два до четири дена, докторот применува други можни надразнувачки материи се додека не се открие причинителот.
Лекување
Првиот чекор во лекувањето на дерматитисот е одредување и одстранување на причинителот. Повеќето лесни кожни воспаленија добро реагираат на бањите по кои на кожата се нанесува крем хидрокортизон што се набавува без лекарски рецепт.
Лекување со лековити растенија – Македонска современа фитомедицина
Со векови се употребуваат безброј лековити растенија кои се употребуваат за лекување болести на кожата. Моја препорака:
– Чај од чичок за да го намали воспалението
– Лековити масти од невен, камилица, ехинацеа, коприва
– Предупредување во некои случаи, алергијата на коприва го влошува атопичкит дерматитис (егзема)
Исхрана
Бидејќи се смета дека некои пациенти со себореичен дерматитис имаат потешкотии при метаболизмот на масните киселини, потребни за потикнување на противвоспалителни реакции во организмот, докторот, можеби ќе ви препорача 50 мг витамини од Б групата два пати на ден. Витаминот А и цинкот можат да помогнат при смирувањето на чешањето и сувоста. За да ја одбегнете опасноста од предозирање, особено со витамините кои се топат во масти, докторот внимателно нека ги провери доказите и нека го следи вашето напредување, педијатар мора да ги одреди дополнителните количини на витаминот што му се дава на детето.
Помош во домашни услови
Препаратот со овесно или пченкарно брашно, што можете да го набавите без лекарски рецепт и кој се става во топлата вода за капење, може да ја смири кожата и да го ублажи чешањето. Внимавајте да не останете во вода подолго, зошто со долгото натопување на кожата можете да ги изгубите есенцијалните масла.
За сувоста со триење нанесете билна маст на зафатените места по капењето или употребете лековита маст која содржи алое вера или цинк.
Одбегнувајте да јадете храна со алергени, како што се млекото, јајцата и пченцата. Можат да ви помогнат дополнителни количества витамин А, витамини од групите Б и Е и цинк.
Ако се сомневате дека сте алергични на хемиско средство или козметика, употребете го домашниот тест со фластери. Ставајте мало количество надразнувачко средство, на кое се сомневате, на едно место на раката или грбот во текот на седум дена. Ако ви се појави реакција, ќе знаете дека се работи за можното надразнувачко средство.