Драган Јованов – Фитомедицинска заштита на гениталиите кај мажите и жените

– Воспаление или чешање на гениталиите, можеби имате вулвитис
– Кожата на вулвата е подебела и покриена со бели дамки, тоа може да укажува на болест или рак на вулвата, обратете се на лекар за дијагноза
– Зголемен секрет од гениталиите со непријатен мирис, чувство на печење, чешање, како и болки може да имате некое воспаление на гениталиите
– Изменет секрет, крварење или тврд израсток на кој било дел од гениталиите, можеби се работи за рак на матката или за рак на грлото на матката и др
Причинители
Бактериската вагиноза најчесто ја предизвикува (гарднерела вагиналис) , која преовладува во вагиналната флора, но предизвикувачи можат да бидат и некои други бактерии. Стресот, габичните инфекции, вулвитисот, вагинизмот.
Лекување
Лекувањето на повеќето нарушувања на гениталиитекај жените било да е конвенционално било со фитомедицина, е насочено кон одржувањето на соодветната бактериска рамнотежа и намалување на надразнетоста и тегобноста.
Фитомедицинските методи што треба да се употребуваат најпрово е да вклучите во исхраната свеж лук, бидејќи има антибактериско, антифунгицидно и антивирусно својство, па може да биде ефикасно во лекување или превенција на вагинитисот, вклучувајќи ги и габичните инфекции. Исто така може да се користи обичната звездичка (стеларија медија), невенот, камилицата, ајдучката трева и др.
Најзачестени здраствени проблеми кај жените е ХПВ вирусот. Тој вирус го има скоро секоја втора девојка или жена.

Исхрана
Ако имате габична инфекција на гениталиите, внимавајте на нивото на шеќер. Ако сте склони кон тие инфекции, пиењето јогурт кои содржи активни култури може да помогне во одржувањето на природна бактериска флора на гениталиите.

Гениталии кај мажите
Три најчести инфективни болести кај гениталните органи кај мажите се
– Парафимоза
– Пријапизам
– Бисерни папули

Габични инфекции
Габичната инфекција понекогаш наречена кандидијаза се јавува во многу видови.Монилијазата е безболна габична инфекција на гениталиите од кои боледуваат многу жени во текот на бременоста или по лекувањето со антибиотици. Баланитисот е пореткна но доста непријата инфекција на половиот орган. Системска габична инфекција може да се јави и кај луѓе кои боледуваат од дијабетес, сида и други болести, како и при употреба на лекови кои го ослабуваат имунолошкиот систем.
Дијагностички постапки
За да се дијагностицира габичната инфекција треба да се земе брис. Ако лекарот мисли дека постои системска габична инфекција ќе мора да направи анализи на крвта изметот и ткивото.

Лекување
Лекувањето ке зависи од секој одделен случај, но ќе биде насочено кон спречување на размножувањето на габичките кои се причина за инфекцијата.
Фитомедицинските методи можат да го зајакнат имунолошкиот систем и да обезбедат отпорност на габични инфекции, можат да помогнат при лекување габични инфекции и да спречат повторно заболување.
Од лековити растенија можат да се употребат црвен кантарион, камилица, невен, мајчина душица и др.

Мочен меур-инфекции
Симптоми
– Печење во текот на мокрењето, ова е најчест знак за инфекција на мочниот меур, но каква било болка или тешкотија при мокрењето исто така укажуваат на ова заболување
– Чест нагон за мокрење
– Моч со силен непријатен мирис
– Кај постарите лица летаргија, инконтиненција, ментална збрканост
– Кај потешките случаи овие симптоми може да бидат придружени со температура и треска, болки во стомакот или крв во урината.
Инфекциите на мочниот меур кои обично се нарекуваат циститис, што значи воспаление на мочниот меур се чести кај жените а многу ретки кај мажите. Инфекциите на мочниот меур не се сериозни, се лекуваат навремено. Но нивното повторување е кај чувствителните лица и може да доведе до бубрежни инфекции кои се посериозни и кои можат да бидат причина за трајно оштетување на бубрезите. Кај постарите луѓе инфекцијата на мочниотмеур често е тешко да се дијагностицира затоа што симптомите се помалку одредени и често се објаснуваат со стареењето. Постарите луѓе кои ненадејно ке почне да ги мачи инконтиненција неспособност за контролирана нужда, или кои ке успеат да се однесуваат летаргично или збунето, би требало да ги прегледа лекар поради можна инфекцијана мочниот меур.
Причинители
Повеќето причинители на инфекции намочниотмеур ги предизвикуваат различни видови на ешерихија коли, бактерии кои често се наоѓаат во цревата. Жените некогаш добиваат инфекција на мочниотмеур како директна последица на сексуален однос, при кои бактериите можат да сепренесат до мочниот меур преку уретрата. Во последните години се поголем број на инфекции на мочниот меур и кај мажите и кај жените се поврзуваат со две сексуално преносливи болести хламидија и микоплазма. И домашната и болничка употребана катетер цевка што се внесува во мочниот меур поради празнење, исто така, може да доведе до инфекција. Инфекциите на мочниот меур можат обично веднаш да се дијагностицираат со анализа на урината.
Фитомедицински начини на лекување
Ако со нив веднаш почнете на првиот знак на печење во текот на мокрењето, можат да бидат успешни во решавање на инфекцијата на мочниот меур. Брусницата според најнови истражувања има исклучителна способност за спречување на инфекции на мочниот меур и на мочниот систем. Исто така, може да се користи копривата, мечкиното грозје,

Камен и песок во мочниот меур
Се зема по една супена лажица надземен дел на троскот, млади и зелени исушени пченкарни свили,лист од бреза, шипка, лист од диво нане. Сето тоа прелијте го со 1 л врела вода. Така оставете го поклопено 2 часа. Потоа процедете и ставете го во флаша, затворете го добро и оставете го на собна температура. Утредента пијте по 2 дл после доручек, ручек и вечера, засладете го со шумски мед по желба.
Отежнато мокрење
Се зема по 1 супена лажица ситно исецкан лист од бреза, корен од глуварче, и 2 супени лажици од пченкарна свила. Сето тоа ставте го во 7 дл врела вода. Оставете го поклопено 2 часа. Потоа процедете и пијте по 2 дл пред доручек, ручек и вечера. Пијте 10 дена.

Напишете коментар