Бојкотот како самоодбрана – трибина на Левица во Струмица

Политичката партија ,,Левица”, на 16ти Септември (недела) со почеток во 19:00 часот, во големата сала на Дом на АРМ – Струмица, организира отворена политичка трибина на тема ,,Бојкотот како самоодбрана’‘.

На оваа трибина говорници ќе бидат Димитар Апасиев, Џејлан Велиу и Зоран Василевски.

Во отсуство на јавни дебати и расправи, за исклучително важни политички теми, ,,Левица” уште еднаш ќе се обиде да го пополни демократскиот вакуум, создаден на политичката сцена во Македонија и да одговори на горливите прашања што со себе ги носи политичката реалност.
Бојкотот на претстојниот државен консултативен референдум, како единствен механизам за самоодбрана, билатералниот договор за името со Грција, како и потенцијалното влегување на државата во воено-милитаристичкиот сојуз НАТО, ќе бидат само дел од точките за кои јавно ќе се говори на трибината.

По излагањата на учесниците на трибината, ќе следува отворена дискусија на која присутните ќе можат активно да се вклучат во неа, поставувајќи прашања кон говорниците.

Напишете коментар