Благодатниот оган од Ерусалим вечерва во 22.00 часот ќе престигне во црквата св.Кирил и Методиј

Македонската Православна Црква-ОА Струмичка Епарархија ги известува сите православни христијани од Струмица дека Благодатниот оган од Ерусалим вечерва ќе престигне и во Струмица и тоа во црквата св.Кирил и Методиј во 22,00 часот.
Од Струмичката Епархија ги покануваат сите празникољупци да присуствуваат вечерва и на торжествен начин да го дочекаат Христовото Воскресение, да присуствуваат на Боженстената Литургија, а со тоа и да земат од Благодатниот оган од Ерусалим и со радост да ја слушнат најрадосната вест за Христовото Воскресение…. Христос Воскресе….Навистина Воскресе…