Акција за летно хортикултурно уредување низ Општина Струмица

Со засадување на 2.000 цветни насади на булеварот „Маршал Тито“, Одделението за управување и одржување на јавно зеленило при ЈПКД „Комуналец“ започна со акцијата за летно хортикултурно уредување низ Општина Струмица. Планирано е да се засадат околу 18. 000 парчиња сезонски цветен расад во повеќе бои, од типовите Тагетес, Петунија, Винка, Салвија, Далија и други со кои колоритно ќе се оплемени зеленилото, а на тревната површина веќе се заменети оштетените прскалки и инсталирани се нови за наводнување на зеленилото. Како дел од програмата за работа предвидена во делот на реконструкција на зелени површини за време на летниот период, етапно се зазеленуваат парковските површини и блоковското зеленило.

Напишете коментар