АДЕЛ освои 5 греми награди

На годинешното издание беа доделени 89 награди, а манифестацијата им оддаде почит и на музичарите кои минатата година заминаа меѓу легендите. Адел ја испеа песната „Fast love“, Бијонсе заедно со нејзината ќерка и Џеј Зи му оддадоа почит на Принц облекувајќи се во негов стил.
Британската пејачка Адел освои пет Греми награди и со тоа уште еднаш ја докажа нејзината важна позиција во светската музика. Таа ја освои наградата за најдобра песна, најдобар албум, најдобра снимка и најдобра соло изведба.

Како домаќин на овогодишните Геми награди се појави Џејмс Корден, популарниот актер и водител на емисија во автомобил, чии совозачи се познатите ѕвезди.

Бијонсе имаше најголем број номинации (девет), а го собори и рекордот – музичар номиниран во четири различни жанрови во истата година. Таа беше номинирана во категориите: поп соло изведба, рок изведба, урбан современ албум и рап изведба.

Канје Вест, Дрејк и Ријана имаа осум номинации, додека раперот Ченс шест номинации. Тој освои три награди – Греми за најдобар нов изведувач, најдобар рап албум и рап изведба.

Напишете коментар