Здружението „НОВУС“ ги презентираше наодите од истражувањето за правосудството
Здружението „НОВУС“ како дел од Мрежа 23 во рамките на завршната конференција што се одржа во Холидеј Ин во Скопје ги презентираше наодите и заклучоците од проектот „Независноста и објективноста на правосудството во општина Струмица согласно Поглавје 23 – втемелени постулати или предизвик за реформи“ пред партнерите во мрежата, претставници на институции, истакнати експерти и практичари од земјата и регионот.
Наодите од истражувањето што го спроведуваше здружението НОВУС ги презентираше претседателот на здружението НОВУС, м-р Ѓорги Тасев и истите ќе бидат интегрирани во конечната верзија на анализата во која ќе бидат опфатени сите заклучоци и препораки од организациите членки на мрежа 23.
Инаку, Проектот „Мрежа 23“ има за цел да го унапреди влијанието на граѓанските организации во процесот на пристапување во Европската унија преку активно вклучување во следењето и евалуацијата на политиките и спроведувањето на законодавството на ЕУ, со фокус на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права.
Заклучоците и препораките на здружението „НОВУС“ во врска со правосудството во општина Струмица можете да ги погледнете на следниот линк: https://www.dropbox.com/s/tv7ebavq9aq047z/ZAKLUCOCI%20I%20PREPORAKI%20-%20NOVUS%20SUDSTVO.pdf?dl=0
Видео од настанот на следниот линк: https://youtu.be/KdIRL_rs8HY?t=3h3m46s