Заврши изградбата на Потпорниот ѕид на улицата „Бетовенова“
Заврши изградбата на потпорниот ѕид на улицата „Бетовенова“, односно, на свиокот на патот од Струмица кон населеното место Попчево и турските гробишта. Со овој градежен зафат финансиран од буџетот на општина Струмица, овој свиок е целосно безбеден од одрони, а со тоа е зголемена безбедноста и на пешаците и на возилата на овој дел од патот.