Започна 11 Издание на Фестивалот на Новиот Германски Филм
Синоќа во просториите на НУЦК ,,Антон Панов“ Струмица, свечено се отвори 11 издание на Фестивалот новиот германски филм. Под мотото „Сакам филм (Ich liebe Film)“, во наредните три дена, амбасадата на Германија и ПроКредит Банка ви прикажуваат десет актуелни германски продукции, од минатата и од оваа година.
Струмичани може да ги погледнат најновите филмски остварувања на германската кинематографија и да стекнат нови сознанија за германската култура. А во наредните денови ќе бидат прикажани: Хакери (Who Am I), Лола на грашокот (Lola auf der Erbse), Спасете го Рафи (Rettet Raffi) и 300 збора германски (300 Worte Deutsche).