Заеднички Ѓурговден- театарска претстава на здружението Потомство
На 4 Мај 2017 со почеток во 12 часот во салата на ООМУ ,,Боро Џони’’ во организација на Здружение за негување на традиционални вредности ПОТОМСТВО –
Струмица, се одржа претстава на тема
,, Заеднички Ѓурѓовден’’.
Претстава беше дел од проектот ,,Приближување на македонскиот и турскиот јазик преку музика и песна’’.
Модератори на претставата беа Наставниците Ана Тимова и Аида Бекирова.
Во претставата учествуваа ученици од македонска и турска националност.
На претставата учениците од двете етнички заедници облечени во народни носии, презентираа разлики и сличности на обичаи кои всушност ги поврзуваат овие две култури.
Претставата ,,Заеднички Ѓурговден’’ беше збогатена со музички композиции кои се карактеристични за овој празник. Учесниците ученици од македонска и турска националност ги исполнија песните на народни музички инструменти.
На претставата учество зедоа 15 ученици а истата беше посетена од 50-тина гости, ученици, родители и наставници.