За спомен обележјето на загинатите во хеликоптерската несреќа доставени се три идејни решенија

По распишаниот конкурс за изработка на идеен проект за подигање спомен обележје на загинатите членови на екипажот од хеликоптерската единица на МВР доставени се три идејни решенија. Одборот за подигање спомен обележја на општина Струмица, неодамна одржа седница на која ги разгледа истите и според Петар Божинов претседател на Одборот за подигање на спомен – обележја, конечната одлука ќе биде донесена до крајот на овој месец.
-Како претседател на овој Одбор сакам да ја информирам струмичката јавност дека по распишаниот конкурс пристигнаа три идејни решенија под шифрите „Егзипери“, „Небо“ и „Идеја“. Водејќи се од принципот за транспарентно работење и одлучување, овозможуваме со помош на медиумите овие три идејни решенија да ги имате на показ. Одборот за подигање спомен обележја по дополнителна консултација со стручни и компетентни лица и ценејќи го мислењето на јавноста, кон крајот на овој месец ќе донесе конечна одлука за избор на идејно решение, за да може истото да биде реализирано како финален проект, рече Божинов.
Спомен – обележјето се подига во чест на Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички кои ги загубија животите во хеликоптерската несреќа која што се случи во јули 2014-та година.
12509332_919342031452561_4354562610419191674_n

12522934_919341984785899_3021741438259409634_n

12552588_919341981452566_7309980132356702761_n

Напишете коментар