Во Радичево Одбележан Историски Настан
Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во с. Радичево, денес во организација на општина Василево, беше одбележана 74- годишнината од средбата меѓу Струмичката и Радовишката младина – настан на кој младите од Струмица и Радовиш, се договориле за идното револуционерно дејствување.
Реферат за случувањата од 19 јули 1941 година прочита градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов. Оддавајќи им почит на тогашните учесници во средбата пред спомен плочата се поклонија делегации од општина Василево, и општинските организации на Сојузот на борците од НОБ на Струмица, Радовиш и Конче.
Одбележувањето на средбата меѓу Струмичката и Радовишката младина е настан кој секоја година организароно се одбележува и е планиран со Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево.