Во недела „Марш до Варварица“ 27.10.2016 Новости
Во недела, 30.10.2016 година, општина Василево во соработка со Општинската организација на Сојузот на борците од Струмица, по повод 72-та годишнина од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко го организира традиционалниот „Марш до Варварица“.
Превозот е организиран со автобуси на „Струмица експрес“ и истиот е бесплатен
Поаѓањето е во 08,00 часот, од пред трговскиот центар „Глобал“ во Струмица и од пред општинската зграда во Василево во истиот термин.
Организаторот ги поканува заинтересираните граѓани да се придружат на маршот.