Во населените места Куклиш и Муртино во тек е преадаптација на објекти во клонови на градинката „Детска радост“
Во населените места Куклиш и Муртино во тек е преадаптација на објекти во клонови на градинката „Детска радост“, а кои што се сопственост на општина Струмица. Градоначалникот Коста Јаневски го посети објектот во Куклиш и рече дека се работи за значаен проект од областа на социјалната сфера. Овој проект ќе опфати 86 дечиња кои што ќе бидат згрижени во овие објекти.