Во дворот на џамијата во турското маало поставена урбана опрема
Деновиве Општина Струмица одговори позитивно на барањето на членовите на џамискиот одбор во Струмица, по што ЈПКД „Комуналец“ во дворот на џамијата во турското маало , реализираше активност на поставување урбана опрема. За потребата на посетителите, поставени се пет клупи и повеќе канти за смет, со што се создадени идеални услови за одмор и релаксација на верниците, како и за унапредување на чистотата и хигиената во џамискиот двор.
Оваа активност е само уште еден доказ за „слухот“ на градоначалникот Зоран Заев и Општина Струмица за потребите и барањата на сите граѓани од општината.