Вмро Дпмне- Заев Треба да се Заблагодари на Владата за Инвестицијата, а не да оранизира Луѓе да Протестираат
Денеска советниците од Вмро Дпмне одржаа прес конференција , на која изјавија дека да беше Зоран Заев нормален градоначалник, тој ќе се заблагодареше на Владата за инвестицијата од над 1 милион евра, а не да организира луѓе да протестираат против ова инвестиција со која ќе се реновира зградата на старата полиција. Еве го интегралниот текст…
Почитувани,
Зоран Заев e прв градоначалник во светот кој
градоначалничката функција ја сваќа како можност за делење на тендери и шиткање парцели за лично богатење.
Денес, Зоран Заев оствари уште едно достигнување се разбира повторно негативно со кое повторно е единствен градоначалник во светот.
Денес во Струмциа, Зоран Заев организираше луѓе да протестираат поради тоа што владата гради објект во Струмица. Денес, Зоран Заев организираше луѓе да протестираат против инвестиција над 1 милион евра.
Замислете до каде оди паметот на овој човек, да тера луѓе да протестираат бидејќи Владата гради објект кој е во интерес на Струмица и Струмичани.
После ова што го видовме денес се поставува прашањето што наредно ќе направи Заев ?
Има ли подолно нешто од ова? Има ли крај на овие лудории на Заев ?
Почитувани граѓани, Додека Владата решава проблеми на граѓаните, Заев преви опструкции и шири омраза.Додека Владата е во постојан контакт со граѓаните на Струмица, Заев бега од граѓаните.
Објектот од над 1 милион евра што Владата го гради е објект кој е од големо значење за граѓаните и компаните од Струмица.
Оваа владина инвестиција значи олеснување на услугите за граѓаните но и заживување на тој дел на градот. И тоа е поздравено од сите реални луѓе.
Единствено Заев, и неговите најблиски соработници кои се скарани со реалноста не сакаат да ја признаат корисноста од овој објект. Доколку Заев беше нормален градоначалник наместо да организира вакви реакции, ќе излезеше и ќе се заблагодареше на владата за оваа инвестиција.
Но, Заев не е таков. И поради тоа овој човек треба да се повлече од градоначалничката позиција и да остави Струмица да се развива.