„Владе Банско“ победници на Спасовденскиот турнир во Ангелци
Екипата на „Владе Банско“ се победници на синоќа завршениот турнир во мал фудбал „Спасовден 2016“, откако на пенали ги совладаа своите ривали „Ван Ком Бориево“. На третото место се пласира екипата на „Доне Банско“, а четвртото и припадна на „Златно зрно“ од Радовиш.
За најдобри поединци на турнирот беа прогласени: Дарко Денков од екипата на „Владе Банско“ за најдобар голман, Слободан Митков од „Ван Ком Бориево“ за најдобар играч и Томче Мижоров исто така од екипата на „Ван Ком Бориево“ за најдобар стрелец.
Турнирот во мал фудбал „Спасовден 2016“ се одржа втора година по ред, натпреварите се играа под рефлектори, на повеќенаменското игралиште во Ангелци, а организатор беше локалната самоуправа Василево.