Усвоен буџетот за 2019 година
На вчерашната осумнаесетта седница на Советот, беше усвоен буџетот на општина Струмица за 2019 година. Тој ќе тежи 1 милијарда 122 милиони 430 илјади и 586 денари и според градоначалникот Коста Јаневски, тоа значи дека и идната година ќе продолжат капиталните инвестиции и развојот на Општината. На седницата беа усвоени повеќе предлог – програми за активностите на општина Струмица во областите кои што се во нејзина надлежност, на јавните претпријатија и локалните институции, како и одлуки и решенија од областа на урбанизмот.