Три години од Смртта на Четворицата Загинати во Пожарот во Струмица

Денеска се одбележаа три години од смртта на загинатите во пожарот во Струмица.Денеска пред споменикот свежо цвеќе положија претставници на советот на општина Струмица како и најблиските семејства,роднини и пријатели.DSC_0253

DSC_0255

DSC_0256

DSC_0257

DSC_0258

DSC_0259

DSC_0260

DSC_0263

DSC_0264

DSC_0265

DSC_0266

DSC_0269

DSC_0270

DSC_0272

DSC_0273

DSC_0274

DSC_0276

DSC_0278

DSC_0279

DSC_0280

DSC_0281

DSC_0284

DSC_0287

DSC_0288
Струмица вечно ќе ги памети имињата на браќата Блажо Стојков и Пено Стојанов од Рич, Мите Ѓоргиев од Струмица и Војо Гркљанов од Вељуса, кои храбро се бореа со огнената стихија во големиот пожар кој избувна на денешен ден пред три години.

За жал, на тој кобен 23 јули 2012 година, четворицата наши сограѓани трагично го загубија својот живот, рече претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. Дел од советниците и семејствата на загинатите денеска положија свежо цвеќе во нивна чест.

„Со натчовечки напори се обидуваа да го спречат огнот за да не ги зафати и куќите од горниот дел на градот, но за жал таа нивна храброст и пожртвуваност ја платија со човечки животи. Секој граѓанин треба да им биде благодарен за сето она што тие го сторија, а на сите нас трагичниот настан треба да ни биде голема опомена да внимаваме нигогаш повеќе да не се повтори, рече Христов.

Попладнево во 18:00 часот на местото на трагедијата под „Двата пата“, ќе се одржи чествување во спомен на Блажо, Пено, Мите и Војо.

Напишете коментар