Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ги достави предлозите за решавање на проблемите
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија ги донесе предлозите за решавање на проблемите на граѓаните на општина Струмица. Советничката гурпа ги посети сите месни заедници во градот и населените места. По предлог на граѓаните до градоначалникот и советот на општина Струмица се доставени околу 300 предлози.
Минатата година од 200 предлози, биле прифатени 150, но реализирани само 30. Тоа докажува дека проблемите на граѓаните наместо да се намалуваат, се зголемуваат. – истакна советникот Душко Спасов