Со европски пари, почна чистењето на река Струмица
Со средства од ЕУ од програмата за санирање на штети од ланските поплави, почна чистењето на речното корито на Струмица кое со години предизвикуваше поплави.
Ќе се чистат 24 километри од вегетација и наноси и тоа во етапи информираа од УНДП кои го имплементираат проектот. Освен во струмичко ќе се чисти и Црна Река во пелагониско се со цел да се намалат ризиците од нови поплави
Паралелно и АД Водостопанство ќе работи на чистеење на речното корито. Првиот човек Ромео Тренов инфорираше дека овој нов субјект ќе набави опрема за стратешко чистење на речните корита во земјава
Мештаните вдолж реката Струмица со години реагираа на неисчистеното речното корито на Струмица. Делови од ова река е обраснато со дрвја и огромна вегетација заради 30 годишната негрижа при што се оштетени на неколку позиции земјените насипи.
маркетинг