Седниците на Советот на општина Струмица и на знаковен јазик за глуви и наглуви лица
Општина Струмица од денеска ја зголеми транспарентноста и отчетноста кон своите граѓани, правејќи ги достапни седниците на Советот и за лицата со посебни потреби. Покрај тоа што со новата сала им е овозможено на лицата со посебни потреби да присуствуваат на седниците на Советот, за првпат, денешната 35 – та седница на Советот се емитуваше и на знаковен јазик за глуви и наглуви лица. Тоа значи дека почнувајќи од оваа седница, а преку ТВ каналот Вис, глувите и наглуви лица редовно ќе бидат информирани за работата на Советот на општина Струмица и за сите одлуки и решенија кои ќе ги носат неговите членови.
Емитувањето на седниците на Советот на знаковен јазик за глуви и наглуви лица го овозможи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој од секогаш давал безрезервна поддршка на лицата со посебни потреби.