Реконструкција на Домот на културата во с. Радово
Започнаа подготвителните активности околу реконструкцијата и адаптацијата на Домот на културата во с. Радово.
На местото на стариот објект ќе биде изграден нов и модерен Културно-информативен центар.
Овој проект го спроведува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЈИПР) во соработка со општина Босилово преку Програмата за рурален развој од 2015 година.