Реакција на прес конференцијата која што денеска ја одржа Васил Пишев
Пратеникот Васил Пишев денес одржа прес конференција, и остана жив. Обидувајќи се да ја изманипулира македонската јавност по теркот што го практикува ВМРО ДПМНЕ, тој повторно покажа дека е скаран со вистината и реалноста.
А вистината вели дека проектот „Мултифункционален пазар“ во Струмица сеуште чека на своја реализација. Пишев треба да побара одговор од својот лидер и поранешен премиер Никола Груевски, зошто сите касарни низ градовите во Македонија, во рамките на владиниот проект „Старите касарни за нов развој“ се дадени на управување на Општините, а само касарната во Струмица не е предадена на Општината.
Срамота е. Срамота е господине Пишев што како пратеник од Струмица не сте се избориле кај Вашиот лидер, да биде исправена таа неправда, за да можат да се реализираат бројни планирани проекти, меѓу кои и мултифункционалниот пазар.
Срамота е да го премолчувате предизборно ветениот пазар од страна на ВМРО ДПМНЕ, за кој Груевски, Јанакиевски, Бонева и останатите ваши сопартијци, ветуваа дека ќе биде изграден на влезот во Струмица. Зошто и за ова ветување, не се изборивте да биде реализирано.
Срамота е господине Пишев, струмичанец сте, а се однесувате како најголем непријател на општина Струмица.