Работилница на Тема „Запознавање со Еразмус+ програмата“
Здружение НОВУС објавува ЈАВЕН ПОВИК за учество на работилницата „Запознавање со Еразмус+ програмата“ во рамките на проектот „Запознај ја Европската унија – делува европски“ кој што е целосно поддржан од страна на општина Струмица.
Општата цел на програмата „Еразмус плус“ е да се обезбеди можност за пет милиони луѓе да добијат шанса да студираат или да се обучуваат во странство со нејзин грант. Новата програма ги обединува и секторските програми од Програмата „Доживотно учење“: „Еразмус“, „Леонардо да Винчи“, „Комениус“ и „Грундвиг“, како и целата програма „Млади во акција“, но и пет други меѓународни програми за соработка: „Еразмус мундус“, „Темпус“, „Алфа“, „Едулинк“, како и Програмата за соработка со индустријализирани држави.
Право на конкурирање за работилниците имаат сите на возраст од 16 до 29 години.
Работилницата „Запознавање со Еразмус+ програмата“ ќе се одржи на 16 декември (среда) во Дом на АРМ (поранешна сала на советници).