Прва прес конференција за проектот “Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир”
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на ден 07.02.2017 во Бизнис салата во
Хотел Сириус со почеток во 12:00 часот ја одржа својата прва прес конференција за
проектот “Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот
синџир” кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански
регион, како Лидер партнер на проектот и Асоцијацијата на Југозападни Општини од
Р.Бугарија, како проектен партнер. Проектот е финансиран од Европската Унија преку
Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија CCI No
2014TC16I5CB006.
Првата прес конференција се одржа по повод запознавање на јавноста со проектот,
неговите цели, активности, очекувани резултати, процесот на компостирање, како и
придобивките од истото.
Во рамките на прес конференцијата Директорот на Центарот за развој на Југоисточниот
плански регион, Г-а Жулиета Ѓуркова, накратко го презентираше проектот, процесот на
компостирање, како овој проект ќе ја оствари својата цел за преку подигање на јавната
свест да допринесеме до намалување на количините на отпадот со негова преработка и
ре-употреба, за на тој начин да стекнеме поздрава и почиста животна средина.
Проектот “Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот
синџир” ќе се имплементира 15 месеци и има за цел преку подигање на јавната свест кај
граѓаните да се заштити животната средина.
Најважното прашање кое се поставува за овој проект се однесува на придобивките од
компостирање. Покрај тоа што ќе се намали количината на отпад кој завршува во депонија,
отпадот ќе биде употребен на безбеден и прифатлив начин. Наместо обичен отпад, со
селективно собирање и компостирање истиот ќе биде претворен во органско ѓубриво. Со
намалувањето на отпадот ќе се добие поздрава и поубава животна средина, што всушност
е целта на овој проект. Компостирањето ја подобрува структурата на почвата и овозможува
да се задржат хранливите материи, влагата и воздухот за подобрување на растот на
растенијата.
Главната цел на овој проект, како што е наведено е подигањето на јавната свест за
заштита на животната средина преку низа промотивни активности за придобивките од
компостирањето како што се, изработка на промотивни видеа, брошури во кои ќе биде
презентиран целиот процес на компостирање, стимулација и интензивирање на
прекуграничната соработка помеѓу граѓаните и институциите, но и претварање на
органскиот отпад во корисно органско ѓубриво. Меѓу активностите спаѓаат и инфо денови,
работилници, студии, тренинзи за компостирање во прекуграничниот регион.
Со проектот ќе бидат офатени сите 10 (десет) општини од Југоисточнио регион во Р.
Македонија и уште 17 (седумнаесет) општини од Југозапдна Бугарија.
Ќе се изврши набавка на 800 компостери од кои 400 ќе бидат наменети за домаќинствата
од Југоисточниот регион, а останатите 400 за домаќинствата во регионот на проектните
партнери – Југозападен регион Р.Бугарија. Благоевград.
Доделувањето на компостерите ќе се спроведе преку јавен повик и ќе се организраат инфо
денови за сите оние кои ќе ги добијат овие компостери се’ со цел подобро разбирање на
процесот и правилна употреба на компостерите.
Планирани се две студии за “Анализа на потенцијалите на компостирање во пограничниот
регион” . Студиите ќе содржат информации за потенцијалите за компостирањето со кои
располага нашиот регион како и бенефитите од употребата на овој процес.
Во продолжение на настанот следуваа прашања и дискусија со присутните за споделените
информации за проектот.
Вкупниот буџет на овој проект изнесува 117.164,41 евра.