Прес на УМС Вмро-Дпмне
Наместо да ги боиме реализираните проекти, предлагаме да ги обоиме неисполнетите ветувања порачаа младите од ВМРО ДПМНЕ од Струмица. Преку прес конференција која се одржа во индустриската зона „Сачево“ членовите на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ од градоначалникот на Струмица, Зоран Заев ги побараа најавените 300 фабрики и 3000 вработувања притоа симболично поставувајќи транспарент со нацртана фабрика кој според нив бил споменикот на сите неисполнети ветувања на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ.