Прес на Костадинов- Васил Пишев продолжува да ја лаже јавноста
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите
Васил Пишев од ВРМО-ДПМНЕ продолжува да ја лаже јавноста.
Фатен во сопствените лаги Пишев се обидува со нови измислици да ги покрие криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Криминалниот врв на ВМРО-ДПМНЕ ги урниса сите вредности во државата.
Никола Груевски и ВРМО-ДПМНЕ извршија грабеж на сопствените граѓани.
На народот му е преку глава од таквиот криминалистички и пропагандистички репертоар на власта. Затоа народот ќе си го каже своето и ќе и пресуди на таа расипничка гарнитура.
Цела една деценија, се изнаслушавме дезинформации во кои се спомнуваат истите зборови, најголемата болка за Никола Груевски: Зоран Заев и Општина Струмица.
На крајот од сето тоа, едно големо ништо. Стотици и стотици прес конференциисо иста содржина и исти лаги. Се е исто, само актерите од власта се менуваат.
Последен во таа низа е Васил Пишев, човекот кој залутал во политиката, па како таков нема елементарни познавања од Законот за јавни набавки и неговото доследно спроведување.
Тој мисли дека ако е дел од власта може од ракав да истресе било што, било каква лага и притоа да остане недопирлив. Демек, ,,ми се може, ми се сака…власт ли сме, што ли сме‘‘. Е, ама грешка му е есапот. За сето тоа ќе одговара пред законите и пред граѓаните.
Васил Пишев треба да одговори на следните прашања.
Прво: Дали фирмата ,,Жикол‘‘ чиј директор е член на Советот на општина Струмица од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, а ги доби најголемите тендери од Општина Струмица за изградба на плоштадот во Струмица, катната гаража, гасификационата мрежа во Струмица и едно чудо канализациони и водоводни мрежи во општината, е дел од ,,Кланот Заеви‘‘?
Второ: Ако се знае дека само во последните две години, во постапките за превоз на ученици во општина Струмица учествувале 13 понудувачи, од кои дури 12 вршеле превоз на ученици, а не само ,,Тритерол‘‘, дали сите тие фирми се дел од измислениот ,,Клан Заеви‘‘?
За да ви биде појасно, фирмата што според Вас е блиска до СДСМ по законска постапка добила тендери во висина од безмалку 300 илјади евра, а само ,,Жикол‘‘ близок до ВМРО – ДПМНЕ по иста законска тендерска постапка добила пет милиони евра од Општина Струмица, или скоро 17 пати повеќе.
Знаете ли математика господине Пишев? Знаете ли да направите споредба?
– Трето: Дали фирмата ,,Џови Компани‘‘ и уште многу други компании блиски на Вашата партија кои добија тендери од Општина Струмица се дел од ,,Кланот Заеви‘‘?
И четврто и најважно: Дали и Вие господине Пишев сте дел од ,,Кланот Заеви‘‘?
По Вашата логика и Вие сте дел од тој ,,клан‘‘, според овој договор за јавна набавка склучен помеѓу ЈПКД,,Комуналец‘‘Струмица застапувано од Вашиот колега од парламентот Панче Орцев, од редовите на СДСМ и Вашата фирма ,,Ал Макс‘‘, за набавка на зејтин, и замислете во времето кога градоначалник бил Зоран Заев?
Како си дозволивте такво нешто?
Како си дозволувате како делот од ,,Кланот Заеви‘‘ да зборувате за ,,Кланот Заеви‘‘?
Се е јасно. Граѓаните знаат.
Ниту измислениот клан Заеви постои ниту лагите на Пишев се вистина.
Криминалците се во власта на ВМРО-ДПМНЕ и за тој криминал ќе одговараат и пред Законот и пред граѓаните.