Премиера на Сатирата „Народен пратеник“ пред Струмичани
Народен пратеник“, првиот драмски текст на секогаш актуелниот Бранислав Нушиќ, наскоро ќе се најде на сцената на театарот „Антон Панов“ од Струмица. Премиерата е закажана за 27 јануари, а проектот го потпишува бугарскиот режисер Владлен Александров чија цел е да понуди пиеса која ќе говори за политиката како дрога и лудилото на времето во кое живееме.
Во претставата учествуваат: Кољо Черкезов како Јеврем Прокиќ, Јасмина Вучкова како Павка, Анкица Бенинова како Даница, Стојан Велков како Спиро, Оливера Аризанова како Спировица, Ванчо Василев како Ивковиќ, Ангелина Тренчева како Марина, Кире Ѓоргиев како Секулиќ, Коста Ангов како Јовица Јерковиќ, Бранко Бенинов како Срета, Игор Тодоров како Младен, Ален Нанов како Граѓанин.