Преку Фотоволтаични Системи во о.Василево ќе се произведува Струја
Општина Василево следејќи го трендот на работа на општина како и на Владата на р.Македонија, во донесување на нови урбанистичките планови, се реши за еден крупен урбанистички план кој ќе биде донесен во тековниот период, односно ќе биде финансиран од страна на општината.
ла
Градоначалникот Стојанов имајќи средби со повеќе бизнисмени и компании кои се заентересирани за инвистирање на територијата на општина Василево, се отворила и потребата од отварање на нов урбанистички план за изградба на Фотоволтаични системи, односно системи за производство на Струја.
Општина Василево има одлични услови, односно располага со градежни парцели од 5 и 6 категорија, кои не се употребувааат за земјоделие, се отвара можност за користење токму за изградба на фотоволтаичните системи кои се многу рентабилни, а исто така и голем е интересот на инвеститорите токму во овој сегмент.
Општина Василево е идеално место за таквите инвестиции, како и тоа што на оваа територија има доста сончеви периоди кои се од големо значење за користењето односно производството на струја од фотоволтаичните системи.
Во овој период ќе има 5 вакви парцели, а градоначалниот Стојанов се надева дека нивниот број ќе се зголеми во иднина.
Исто така во делот на новите урбанистички планови треба да се спомене дека се отвара и можност за сите заентересирани за проектот Купи Ќука на Владата на Р. Македонија, ќе можат да го решат своето станбено прашање. Истакна грдоначалникот на о. Василево Ванчо Стојанов.