Поставени канти за смет на улицата „Ристо Ќурчиев“
ЈПКД „Комуналец“ деновиве постави урбана опрема на улицата „Ристо Ќурчиев“ која се состои од помали канти за смет, кои како такви се достапни и за децата кои живеат на оваа улица. Оваа активност е резултат на позитивниот одговор на градоначалникот Зоран Заев и Општина Струмица, на барањето од граѓани и деца од оваа улица.
На поставувањето на кантите за смет и претходеше акција за чистење и уредување на просторот пред станбените објекти, спроведена од станарите кои живеат во истите.
Поставената урбана опрема на улицата „Ристо Ќурчиев“ е само дел од активностите кои се резултат на повеќето одобрени барања од граѓани, од страна на општина Струмица.