Поради Интервенци Неколку Улици и Населени Места Без Вода
Прекинато водоснабдувањето на неколку улици во повисокиот дел на градот и во шест населени места
Поради интервенции во водоводната мрежа во прекин е водоснабдувањето на улиците „Илинденска“, „Плачковица“, „Брегалница“, „Бел Камен“, „Бетовенова“, „Славчо Стојменски“ и „Херој Карпош“ во градот и во населените места: Дабиле, Просениково, Добрејци, Градско Балдовци, Баница и Водоча.
Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека прекинот ќе трае до 18 часот.