Пилешко Печено со Салата-Предлог за Ручек

Се ближи времето за подготовка на ручекот и немате идеја што да зготвите, за денеска ние ви препорачуваме да подготвите пилешко печено со салата.

Потребни состојки- за 6 лица

600 гр пилешко бело месо без коска

8 филети инчуни во масло

1 лажичка сенф

100 мил бело вино

1 чешне лук

1 гранче рузмарин

3 лажици масло и сол

за салатата

300 гр замрзнат зеленчук за руска салата

3 филети инчуни во масло

3 лажици оцет

4 листа босилек

4 листа нане

цветови од тиквички за декорација

сок од лимон

3 лжици сол, масло и црн пипер

Подготовка

Поделете го месето на два еднакви дела, расечете го секој така да се отвори како книга, премачкајте ги со сенф и преку нив распоредете ги инчуините исецкани со рузмаринот.

Затворете го секое парче и прицврстете го со чепкалки.

Загрејте го маслото со лукот во плех во кој ќе го печете месето, плехот поставете го преку 2 рингли и пржете поклопено на силен оган околу 5 минути.Залејте со вино, посолете и печете 20 минути на 200 степени, преливајќи со соковите од печењето.

Салатата- Растопете ги инчуините во малку масло, додадете ги зеленчукот, оцетот, сечканите билки, сол, црн пипер и пржете кратко на силен оган. Залејте со сок од лимон.

Месото исецкајте го на резанки и послужете го со топла салата и ако сакате со препржен спанаќ, обликуван во топчиња и извалкан во сусам.

 

Напишете коментар