Отворен ден со Комисија за општествени дејности при Советот на општина Струмица

СООПШТЕНИЕ

на 7 октомври 2015 г. во Дом на АРМ со почеток во 18.30 часот ќе се одржи

„Отворен ден со Комисија за општествени дејности при Советот на општина Струмица“

Свое излагање ќе имаат членовите на Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица.

Комисијата за општествени дејности ги разгледува прашањата од надлежност на Општината, а кои се однесуваат на обележување на празници и манифестации, доделување награди и признанија, прашања од функционирањето на месната самоуправа, прашања на уредување и одржување на спомениците и спомен обележјата, прашања на односите на Општината со верските заедници, меѓуопштинска соработка и други прашања од надлежност на Општината.

Сите граѓани на општина Струмица се поканети да присуствуваат и да дадат свој предлог или постават свое прашање до Комицијата. Доколку не сте во можност да присуствувате, поставете прашање на следниов линк http://ccstrumica.mk/diskusii/topic/prashana-do-komisijata-za-opshtestveni-dejnosti-pri-sovetot-na-o-strumitsa/ и истото ќе Ви биде одговорено по завршувањто на настанот.

За дополнителни информации и/или прашања Ви стоиме на располагање на е-пошта [email protected] или тел. 034/334-117.

Напишете коментар