Комуналец поставува нов водоводен цевковод на ул. Крушевска Република
Екипите на ЈПКД Комуналец изведуваат работи за поставување на нов водоводен цевковод долж ул. Крушевска Република, во рамки на реконструкцијата на улицата. Покрај новата линија, се инсталираат и водоводни јазли со затварачи, кои овозможуваат управување со мрежата по делови. Ова значи дека при идни интервенции ќе биде можно исклучување само на мал дел од улицата, наместо на целата зона. Новата инфраструктура обезбедува посигурно водоснабдување, намалување на ризикот од дефекти и полесно одржување во иднина. Работите се во тек, а жителите се повикани на трпение додека траат активностите на теренот.
Извор: Општина Струмица | Фото: Општина Струмица
