Општина Струмица објавува ЈАВЕН ПОВИК за СПОРТ за финансиска поддршка од буџетот за 2016 година
Општина Струмица објавува ЈАВЕН ПОВИК за СПОРТ за финансиска поддршка од буџетот за 2016 година
Врз основа на член 39 од Статутот на Општина Струмица (Службен гласник на Општина Струмица бр 5/06), Градоначалникот на Општина Струмица објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
До спортските здруженија и други правни лица во областа на СПОРТОТ од Општина Струмица.
Јавниот повик е во рамките на програмата за спорт (L0) за респределба на средства од Буџетот на Општина Струмица за 2016 година.
Право на учество
– Како субјекти кои можат да конкурираат се спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот.
– Субјектите мора да се формирани и делуваат на територијата на Општина Струмица.
– Kлубовите /спортски здруженија за кои од Советот на општина Струмица е одредена Дотација по Програмата за активностите во областа на спортот и млади во 2016 година немаат право да аплицираат на овој Јавен Повик.
Основни критериуми кои треба да ги исполнуват здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
– го поттикнуваат и унапредуваат соодветниот спорт;
– ја реализираат утврдената програма за развој на спортот.
– ги усогласуваат и координираат програмските активности на здруженијата;
– го организираат и спроведуваат системот на натпревари
– се грижат за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри
– се грижат за унапредување на младите категории
– да не вршат политичко и верско организирање и дејствување.
Потребна документација која спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот треба да ја достават:
– Документација од извршена регистрација на субјектот (Копија);
– Годишна програма за работа за тековната 2016 година;
– Извештај за потрошените средства добиени од Општина Струмица за минатата 2015 година;
– Формулар за аплицирање (ПРИЈАВА) кој може да се подигне од општина Струмица или од ВЕБ страната на општинатаwww.strumica.gov.mk.
– Прилози, фотографии, награди и др.
Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 07.03.2016 година (Понеделник) до 16 часот.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:
Општина Струмица
Ул.„Сандо Масев“ Бр.1
2400,Струмица
или во архива на Општина Струмица
На пликот треба да стои „НЕ ОТВАРАЈ“ со назнака за LО (Спорт)
Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
Апликантите кои ќе дадат лажни податоци во формуларот за аплицирање (пријавата) и останатите документи ќе бидат одбиени без право да аплицираат во наредните 2 години.
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ