Општина Струмица издаде 241 сертификат за авто такси возачи
Од оваа година општина Струмица ја започна постапката за издавање сертификати за авто такси возачи со што почнаа и активностите за подигање на квалитетот на услугите во авто такси превозот на територијата на општината, а согласно законот за превоз во патниот сообраќај. Според Атанаско Глигоров советник за локални патишта и улици во општина Струмица, заклучно со 01.10.2015 година издадени се 241 сертификати за авто такси возачи по поднесени пријави. Исто така, до овој период издадени се и лиценци за авто такси превоз на 30 правни субјекти и околу 280 изводи од лиценци за авто такси превоз на патници. Постапката на издавање сертификати и лиценци се уште трае.