Од кујната на баба- Наутлија лепче

Едно од  традиционалните јадења во нашиот струмички крај секако е и лебот од наут.

За да го приготвите оваа лепче потребно е да ги имате овие продукти…

200 грама Наут

1 1/2 Брашно

Вода

Сол

Начин на приготвување- Прво се приготвува квасот.Наутот се меле, се става во сад и се попарува со зовриена вода и сол. Смесата се меша со дрвена лажица, се покрива  садот и се остава цела вечер да отстои на топло. Наредниот ден квасот за лебот е готов. Се зема половина килограм од брашното и му се додава квасот со малку вода. Тоа се меша со лажица се додека целата смеса не се соедини,потоа се покрива и се остава 1-2 часа на топло за да стаса.Ткако тестото ќе биде готово му се додава уште 1 кг брашно, сол, вода по птреба и повторно се меси. Тестото се става во плех и се остава да стаса уште половина час во загреана рерна на 50 степени. Се пече 45 минути на 200 степени.

Напишете коментар