о. Ново Село-ДОНИРАЈТЕ, ПОМОГНЕТЕ ИМ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ

Општина Ново Село од денес започна со активност за донирање на материјални средства за помош на граѓаните кои беа зафатени од поплавите во Скопскиот регион на 06.08.2016 година.

Ние знаеме колку им е тешко на граѓаните од поплавените подрачја и како им е во овој момент, бидејќи граѓаните од населените места во Општина Ново Село веќе неколку пати го имаат почувствувано тоа.
Затоа, пред влезот на општинската зграда е отворен пункт за донации на кој граѓаните може да донираат вода, хигиенски средства, средства за дезинфекција, конзервирана храна и слично.
Исто така, секој може и парично да помогне со донирање на 100 денари на телефонскиот број: 143 400 од сите мобилни оператори.

Вооедно, Ве известуваме дека Советот на Општина Ново Село закажа вонредна седница за настанатата ситуација која ќе се одржи на ден 09.08.2016 година со почеток од 09:00 часот.

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, ДА ПОМОГНЕМЕ!!!

Со почит,
Градоначалник на Општина Ново Село
Г-дин Блажо Велков

Напишете коментар