Номинација- Личност на Годината за Никола Маџиров од Нова Македонија
Светски познатиот и признат поет, струмичанецот Никола Маџиров е номиниран за личност на годината од страна на првиот дневен весник во нашата држава, „Нова Македонија“ која ја добиваат најистакнатите личности што ја обележиле годината во областа на бизнисот, културата, политиката, уметноста, науката, образованието, спортот, општествените и хуманитарните дејности.
Редакцијата и годинава избра осум личности од јавниот и општествениот живот што, според нашите оцени, заслужуваат да го добијат признанието „личност на годината“ за 2015 година.
На сите нив на свечена церемонија, која ќе се одржи на 5 февруари, со почеток во 12 часот, во портата „Македонија“, ќе им бидат доделени посебни признанија и статуетки, по што е предвиден и коктел за сите гости.